Начевски и Николов ќе го судат дербито во второто коло на ракометниот турнир

фото: EPA/EFE

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов по одлично завршената работа во првото коло, ќе ја делат правдата и во второто коло на олимпискиот ракометен турнир во машка конкуренција. Начевски и Николов ја добија честа да го судат дерби натпреварот помеѓу Шпанија и Норвешка.

Двете репрезентации имаат највисоки амбиции на Олимписките игри, остварија победи во првото коло што е доказ за довербата која Начевски и Николов ја имаат кај челниците на ИХФ. Дербито помеѓу Шпанија и Норвешка ќе се игра утре наутро со почеток во 9.15 часот.
Начевски и Николов во првото коло го судеа натпреварот помеѓу Египет и Португалија.

 

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот