Начевски и Николов ќе судат на Олимписките игри во Токио

фото: EPA/EFE

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште една потврда за својот квалитет иако ова беше очекувано за една од најдобрите светски ракометни двојки. Начевски и Николов ќе ја делат правдата на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио.

Македонските судии кои ја делеа правдата на финалето на последното Европско првенство, по трет пат ќе бидат дел од Олимписките игри откако претходно судеа и на ОИ во Лондон 2012 година и на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат минатата година но поради пандемијата на коронавирусот беа одложени за ова лето. Игрите во Токио е предвидено да се одржат од 23. јули до 8. Август, а последните најави се дека ќе биде дозволен ограничен број на гледачи на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот