Началникот на Федералните затвори во САД отстранет од функција по самоубиството на Епстајн

Вршителот на должноста директор на Федералното биро за затвори Хју Хурвиц е суспендиран од функцијата и преместен на друга должност. Тоа го објави денеска министерот за правда Вилијам Бар.

Претходно Бар изрази загриженост заради „сериозни неправилности” во њујоршкиот федерален затвор каде финансиерот Џефри Епстајн обвинет за сексуално злоставување десетици малолетни девојки во Њујорк и на Флорида беше пронајден мртов на 10 август. Според медицински и полициски наоди, Епстајн извршил самоубиство во затворот.

Бар наведе дека ќе ја назначи Катлин Хоук Соер на местото на Хурвиц. За тоа назначување не е потребна согласност од Сенатот.

Епстајн беше во федерален затвор во Менхетен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот