Началник во полиција во Атланта суспендиран поради контроверзна објава

Полиција/ Фото: Профимедиа

Началник на локалната полиција на подрачјето на Атланта, во сојузната држава Џорџија, е суспендиран и е под истрага затоа што на својот профил на Фејсбук објави дека не го поддржува движењето „Животите на црнците се важни”.

Началникот Крис Баерс на својот профил на Фејсбук објави текст полн со контроверзни проценки и напади врз афроамериканската заедница, која ја обвини дека не ги поддржува доволно припадниците на полицијата. Тој оцени дека со поддршка на движењето „Животите на црнците се важни” се глорификуваатт убиствата на (американски) браќа и сестри.

Властите информираа дека по објавата на Баерс почнале прво да собираат податоци за него, а сега истрагата е „насочена на други прашања кои не се поврзани со објавата на Фејсбук”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот