Началник на британската армија: Да им дадеме шанса на талибанците, можеби тие се смениле

Талибанци во Авганистан / Фото: AFP / AFP / Profimedia

Началникот на британската армија, Ник Картер денеска изјави дека светот треба да им даде шанса на талибанците да формираат нова влада во Авганистан и дека тогаш можеби ќе се открие дали бунтовниците поставени како терористи од Западот со децении, сега станале поразумни, пренесува Ројтерс.

Талибанските војници велат дека тие се промениле и дека не се истите од пред 20 години, но голем број од земјите сè уште се скептични на ваквите тврдења.

„Мораме да бидеме трпеливи, да им дадеме простор на талибанците да формираат влада и да им дозволиме да ги покажат своите ингеренции. Можеби овие талибанци се поинакви од талибанците што луѓето го паметат од 90-тите години “ изјави Картер.

Според него, талибанците сега се поразумни и дека од досегашното владеење со Кабул, може да се примети нивната позитивна промена.

Но, и покрај ова, многу од британските воени ветерани се сомневаат во ваквите мислења на Картер за талибанците, мислејќи дека ова е дел од една голема измама на новите владетели во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот