Наближува годишнината од смртта на Коби, дали легендарниот кошаркар е веќе заборавен од својот клуб?

epaselect epa08183492 A woman looks at a late former Los Angeles Lakers Kobe Bryant t-shirt prior to the match between the Portland Trail Blazers and the Los Angeles Lakers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 31 January 2020. Retired Los Angeles Lakers player Kobe Bryant died in a helicopter crash on 26 January 2020. Thousands of Kobe Bryant jerseys were displayed on the spectators seats as a gift. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Тимот во кој ја помина целата НБА кариера, Лос Анџелес лејкерс нема да носи специјални дресови на натпреварите кои ќе ги игра на 25. и 27. јануари.

За два дена, на 26. јануари ќе помине точно една година откако спортскиот свет беше шокиран со веста која никој не сакаше да ја слушне.
„Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа“.

Само два дена пред годинишнината од смртта и 104 дена откако Лејкерси ја освоија титулата, најголемите ѕвезди на „езерцата“, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, се уште тагуваат.

– Велат дека времето лечи се. Но, јас и понатаму сум тажен. Трагедијата истави голем белег кај сите нас. Верувајте дека сè уште тагуваме – изјави Џејмс.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Но, голем дел од фановите ги зачуди информацијата дека клубот во кој Коби Брајант ја помина целата кариера, ЛА Лејкерс, нема да прави никаква церемонија за одбележување на годишнината од смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Нема да има специјални дресови во чест на Коби на натпреварот против Кливленд на 25. јануари, како ниту на наредниот против Филаделдија (27. јануари), а нема да има ниту специјални видео прилози.

Затоа играчите ќе продолжат да го прават тоа што и досега го правеа, ќе носат патики со потписот на Коби, додека Леброн на својата рака ќе има стегач со бројот 24.

– Ние секој тајм-аут го завршуваме со зборовите „1,2,3…Мамба и тоа ќе продолжиме да го правиме. Коби е дел од нас. Откако се случи трагедијата, во нашите глави ја имаме слилаѕа која е поголема од сите нас – објасни Ентони Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот