Набавка на 833.000 дози на вакцини против ковид-19 преку Ковакс механизмот

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Владата на денешната 26 седница ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година, со што се потврдува намерата на Министерството за здравство за учеството во Ковакс Фасилити за набавка на 833.000 дози на вакцини за ковид-19.

Како што соопшти владината прес-служба, Програмата ќе се реализира во рамки на одобрените средства во висина од 487.900.000 милиони денари, од кои 69.722.000 милиони денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против ковид-19.

Министерството за здравство претходно соопшти дека со измена на Програмата за вакцинација сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за ковид-19 преку Ковакс механизмот.
– Програмата предвидува измени во делот за финансиски средства, како една од обрвските што се преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот. Преку Ковакс-механизмот ќе се обезбедат 833.000 дози на вакцини за околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација, информираше попладнево Министерството за здравство.
Вакцините во земјава ќе стигнуваат согласно со планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс, Испораката ќе биде истовремено во сите 127 земји, како и во земјите од регионот – Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и дел од Србија.
Првата испорака на вакцини се очекува во првите месеци од 2021 година, соопшти Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот