На „Зимски МакеДокс“ ќе се одржат проекција, промоција и предновогодишно дружење во „Лабораториум“

Сцена од документарниот филм „Градина“ (2024, 75 мин.) во режија на Бојан Тантуровски

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“.

На 10 декември, со почеток во 21 часот, во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ (2024, 75 мин.) во режија на Бојан Тантуровски, ќе биде промовирана новата онлајн платформа „Doc Around Europe – Film Festival Network“, а вечерта ќе заврши со предновогодишно дружење и коктел.

Премиерата на документарниот филм „Градина“ на Бојан Тантуровски се одржа на 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

По триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, последните герила-градинари во Скопје се соочени со иселување. Како што се шири градот, тие се принудени да бараат друго земјиште.

Влезот на проекцијата и на промоцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот