На „жими мајка“ направиле пет милиони евра: Уапсени 13 членови на криминална мрежа во Франција

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Полициите на Франција и на Белгија, со поддршка од Европол, оваа недела открија и разбија голема криминална мрежа вмешана во шверцување на мигранти, трговија со луѓе, вклучувајќи и малолетни лица, присилно питачење, измама за социјална помош и фалсификување документи.

– Се проценува дека оваа организирана криминална мрежа, која била активна веќе неколку години, заработила околу пет милиони евра, објави Европол.

За време на координираната акција, белгиски локални полиции и француската национална полиција извршиле рации на седум локации и заплениле фалсификувани документи, вклучувајќи лични карти, пасоши и фалсификувани изводи за венчани, за родени и брак, мобилни уреди, златен накит и докази за трансфер на пари.

Француските власти ги уапсиле 13-те лица во регионите на Париз и Лион, вклучувајќи ги и организаторите на мрежата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот