На здравје Скопје!

старо скопје
Фото: Принтскрин / Youtube

Денес Скопје слави. Ја слави слободата.
13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Во аналите на историјата е запишано дека на 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада тој ден со победоносен марш влегоа во градот. Меѓу нив и мојот татко.

Затоа меѓу останатото го сакам Скопје, безрезервно, од раѓање до крај. Од калдрмата во Маџир маало, до кулите во Карпош. Мој град, град на моите претци, за поколенијата не сум сигурна. Но сигурна сум во едно, таа љубов е трајна и безусловна.

На здравје Скопје, во име на љубовта и слободата!

13 Ноември 1944 година.

Македонските партизани го ослободија Скопје од фашистичките окупатори и нивните слуги.
Победоносното дефиле на плоштадот го предводеа Михајло Апостолски и Методија Андонов- Ченто.
Во рацете носеа букети бели цвеќиња дарувани од граѓаните.
Се слушаа извици.
Скопје е слободно!
Да живее комунистичката партија!
Да живее другарот Тито!
Да живее другарот Ченто!
Смрт на фашизмот,
слобода на народот!
Од Еврејско маало немаше кој да и’ наздрави на слободата…
Ќе умее ли слободата да пее како што страдалниците пееја за неа?
Онаму каде што е срцето  нека свети сонцето за сите оние кои се дадоа за слободата и благосостојбата на Македонија и Скопје.
И нека не остава дума нашево минато.
Нека не’ дума иднината што ќе и’ оставиме од нашево денес и како таа ќе го толкува нашево сега и овде.
Простум пред споменот и светлините на ослободителите на Скопје!
Честит празник, Скопје!
Те сакам, граду мој!

Никола Т. Калајџиски
сценарист на документарниот филм Букет Бели Рози со Црвена Петокрака

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот