На заштитената Шара никој не го менаџира сметот, се фрла по доловите, реките и ливадите

Фото: Фејсбук

Отпадот од шарпланиските села, најчесто завршува по доловите, реките и ливадите оти мештаните нема каде да го фрлаат сметот, а комуналните претпријатија не го собираат.

Од Националниот парк Шар Планина, велат дека мештаните од шарпланинските села немаат места каде да го депонираат сметот, ниту пак комуналното претпријатие од Тетово оди да го собира сметот од овие населени места. На крајот резултатот е разновиден комунален отпад низ излетничките места, долж патиштата, како и диви депонии во атарот на шарпланинските села. Потребен е механизам за редовно подигање на отпадот од општините, во чија територија спаѓаат и шарпланинските села.

„Ние со општините отворивме неколку дискусии и бараме од нив да се спроведе редовно собирање на отпадот. Од тетовските села не се собира отпад во селата Ѓермо, Вејце, Бродец, Бозовце и Вешала, таму не оди никакво возило да го зема отпадот. И затоа мене ми е срам да одам кај тие граѓани и да им речам не фрлајте отпад оти нема каде да го однесат. Некој можеби има можност да го однесе отпадот со возило до град, но некој ја нема таа можност оти нема кај да го остават. Треба да се реши ова институционално. Неколку средби сме имале со јавните комунални претпријатија. Тие ни велат дека имале програми и ќе преземат акција и ќе внесат систем за соберање на отпадот. Не можеме да им пишуваме казни на мештаните кога не им даваш можност каде да го носи отпадот“, вели Ибрахим Дехари директор Националниот парк Шар Планина.

Од установата велат дека во соработка со планинарските друштва и здруженија, во неколку наврати имаат организирано еколошки акции, но тоа не е доволно.

„Шара без отпад“ тоа е нешто што го договоривме со планинарската федерација имавме акции за чистење на Шара, тие успешно се спроведоа, се приклучија и други институции и здруженија. Апелираме посетителите да не оставаат зад себе отпад. На пределите низ цела Шара може да се забележи отпад, но голем проблем како што кажав претходно е во самите населени места на Шара каде не се собира отпадот. Планинарските патеки и излетнички места не се толку, но поголем проблем е цврскиот отпад што го има на локациите околу населените места.Надлежното министерство минатата година собра неколку тони таков отпад, но ситуацијата е се уште лоша“, вели Дехари.

Инаку Националната установа Шар Планина има евидентирано околу 700 објекти на планинското подрачје надвор од шарпланинските села. Поголем дел од нив се изградени на диво и во тек се подготовки за нивна легализација. Дел од објектите потоа се планира да се пренаменат за туризам.

Дивите објекти на Шара ќе се легализираат, дел од нив ќе се пренаменат за туризам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот