На врвот со Ливерпул, Алисон е најдобриот голман на светот! (ФОТО)

фото:твитер

Изборот на „Франс Фудбал“ за Златната топка оваа година е уште побогат, откако беше поставена и награда за најдобар голман на светот.

Историската прва награда ја доби голманот на Ливерпул, Алисон. Тој минатата сезона успеа да ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул и „Копа Америка“ со Бразил, а наградата му ја врачи напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.

Финалисти во изборот покрај Алисон беа уште Кепа Аризабалага, Самир Хандановиќ, Едерсон Мораеш, Уго Љорис, Мануел Нојерм Јан Облак, Андре Онана, Војчех Шчесни и Марк Андре Тер Штеген.

„Франс Фудбал“ од минатата година бира и фудбалерка на годината, а прва добитничка беше Норвежанката Ада Хегерберг.

Годината тоа признание го доби Меган Рапино како најдобра фудбалерка на светот и втора освојувачка на Златната топка.

Таа ја водеше селекцијата на САД до светската титула на Мундијалот во Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот