На вработените од „Комунална хигиена” ќе им биде исплатен регрес за годишен одмор

На вработените од јавното препријатие „Комунална хигиена” од Скопје ќе им биде исплатен регрес за користење на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година.

Спогодбата за регулирање на начинот на исплата на К-15 беше потпишана денеска од страна на директорот на претпријатието Абдусамед Шабани и претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиство и заштитни друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

– Би сакал да го изразам своето големо задоволство од донесената одлука, имајќи предвид дека кон вработените во претпријатието повеќе од една деценија не била исполнета оваа законска обврска на работодавачите, изјави директорот Шабани, најавувајќи дека ќе настојува секоја наредна година вработените од претпријатието да добиваат регрес за годишен одмор.

Одлуката за исплата на К-15 беше донесена на 28 мај на седница на Управниот одбор на претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот