На Владо Георгиев му ја укинааа забраната од 10 години за влез во Црна Гора

Министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ донесе решение со кое се укинува забраната за влез во Црна Гора на пејачот Владо Георгиев.

Управата на полицијата соопшти во август минатата година дека Георгиев бил вратен за Босна и Херцеговина од преминот Ситница „поради забрана за влез во Црна Гора“.

„На Владо Георгиев согласно членот 8 од Законот за странци му беше забранет влезот во Црна Гора“, наведоа тогаш од Управата на полицијата.

Во образложението на решението за забрана за влез на музичарот беше наведено дека „тоа го бараат принципите за национална, односно внатрешна безбедност или јавното здравје“.

Владо Георгиев доби 10-годишна забрана за влез во Црна Гора!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот