На Вилаш Боаш му треба лев бек, желбата е Алиоски

twitter.com/FCMarseille

Алиоски кој моментно е член на Лидс јунајтед се наоѓа на „радарот“ на Олимпик Марсеј, тим кој го води Вилаш-Боаш, поранешен менаџер на Челзи и Тотенхем.

Олимпик Марсеј минатата сезона во најсилната француска Лига 1 заврши на петтата позиција, со дури 30 бодови помалку зад шампионот ПСЖ.

Тренерот Вилаш Боаш е во потрага по нов лев бек, а една од желбите е токму Алиоски кој брзо се адаптираше на системот на Биелса кој своевремено го водеше Марсеј. Секако не само во одбраната, македонскиот фудбалер може и да придонесе во креирањето на нападите.

Во Чемпионшип нашиот интернационалец во 44 натпревари постигна пет голови и запиша седум асистенции.

Лидс и Алиоски (чија вредност според „Трансфермаркт“ е четири милиони евра) во текот на вчерашниот ден ги добија првите ривали на стартот од новата сезона во Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот