На ветинг-списокот ќе се најдат и судии за кои до Антикорупциска веќе има поплаки од граѓани за нивната работа

Фото Слободен печат

Ивановска појаснува дека ДКСК не најавила ветинг во целина туку само постапки кои се во нивна надлежност, а тоа е испитување на имотната состојба.

Деновиве до Антикорупциската комисијата од Републичкиот судски совет се очекува да стигне списокот на судии кои не си ја работеле работата како што треба.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска ја потврди ваквата информација посочувајќи дека тој треба да стигне до крајот на јануари или почетокот на февруари. Во него ќе се најдат судии за кои граѓаните поднеле голем број на поплаки, начинот на кој реагирал Судскиот совет за нивната работа, ќе се оценува и распределбата на предметите, но и колку време одредени судии ги чувале предметите во фиока и како решавале одредени судски случаи.

– Кај и да е тие ќе стигнат, за сите документи што сме ги побарале има 15 дена рок. Ќе бидат опфатени и сите оние судии за кои до нас стигнале поплаки од граѓани поради незадоволство од судските одлуки. Тие сами по себе ќе си бидат внесени во тој список. Ќе направиме еден список на судии и обвинители на кој ќе работиме, рече Ивановска.

Ивановска појаснува дека ДКСК не најавила ветинг во целина туку само постапки кои се во нивна надлежност, а тоа е испитување на имотната состојба.

– Бидејќи станува збор за голем број судии, од 600 до 700 апсурдно е ние да се занимаваме со сите. Затоа во соработка со Републичкиот судски совет според утврдената методологија ги очекуваме бараните податоци, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот