На вчерашните протести во Белорусија уапсени биле уште 700 демонстранти

Белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека синоќа се уапсени уште 700 демонстранти, на четвртиот ден од пост-изборните протести, кои беа насилно задушени. Со тоа, вкупниот број на уапсени се искачи на 6.700 од почетокот на протестите.

Министерството оцени дека немирите „го изгубиле масовниот карактер”, но дека „нивото на агресија кон безбедносните сили е сè уште високо”.

Во соопштението од белоруското МВР уште се наведува дека изминатата седмица повредени се 103 полицајци, од кои 28 се во болница.

Министерството не соопшти колкав е бројот на повредените демонстранти, против кои полицијата употреби солзавец и пендреци, како и гумени куршуми и шок бомби.

Илјадници Белоруси протестираа синоќа во Минск и други градови во земјата, а локални медиуми јавуваат дека и во текот на претпладнето имало стотици луѓе на улиците.

Прочитајте и...  Трагедија во рудник во Кина: 16 рудари починаа од труење со јаглерод моноксид

Денеска на улиците на Минск излезе и дел од медицинскиот персонал, кои изразија солидарност со повредените во протестите.

Исто така, своето незадоволство го изразија и музичарите од Белоруската концертна сала.

Според официјалните резултати на претседателските избори што се одржаа во неделата, Лукашенко освои 80 проценти од гласовите, а неговиот главен противник Светлана Тихановскаја 10 проценти.

Демонстрантите излегуваат на улиците секоја вечер од неделата и бараат ново броење на гласовите.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги повика белоруските власти да го запрат насилството и без одложување  да се „вратат на патот на вистинско демократско однесување”.

Во блогот објавен на сајтот на ЕУ, Борел наведе дека белоруските власти мораат да го прекинат насилството, да ги ослободат сите арбитрерно приведени лица и да отворат дијалог со јавноста, а доколку тоа не го направат, Унијата ќе мора „да ги преиспита своите односи” со Белорусија и да „преземе санкции против одговорните за насилствата, арбитрарните апсења и фалсификување на изборните резултати”.

Прочитајте и...  Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот авион: Беше како на компјутерска игра (ФОТО)

Прочитај повеќе

Се урна надвозник близу Москва, над 50 повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Врачено Рациновото признание за 2020 на Томислав Османли

Слободен печат

Швајцарците го одбија предлогот на десницата за ограничување на имиграцијата од земјите на ЕУ

Слободен печат

Инцидентите со полицајците под лупа на Македонскиот полициски синдикат

Биланси од судирите на Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах (ВИДЕО)

Слободен печат

Папата апелира за мир во регионот на Кавказ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Акар: Анкара го поддржува Баку

Слободен печат

Во „Викендот без ДДВ“ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Слободен печат

Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Слободен печат

Рама од Валона најави: Албанија ќе ги олесни анти-ковид мерките

Слободен печат

Силен земјотрес во близина на Света Гора

МИА Агенција

Помпео на средби со Мицотакис и Денедиас во Атина

МИА Агенција