НА УДАР НАФТАТА, ЗЛАТОТО И ЈЕНОТ: Опасните потези на Трамп утрово продолжија да ги зголемуваат цените

Барел од нафтата „брент“ поскапе за 1,4 процент и во моментов чини 69,21 американски долари. Цената на златото исто така скокна и се зголеми вредноста на јапонскиот јен.

Цените на нафтата скокнаа денес по балистичкиот ракетен напад врз две воени бази со американски трупи во Ирак.

Барел од нафтата „брент“ поскапе за 1,4 процент и во моментов чини 69,21 американски долари. Цената на златото исто така скокна и се зголеми вредноста на јапонскиот јен.

Во исто време, глобалните берзи бележат пад на вредноста на акциите поради стравувањата од ескалирање на конфликтот на Блискиот исток, јави „Би-Би-Си“.

Иранската државна телевизија објави дека ракетскиот напад е одмазда за убиството на еден од највисоките воени команданти во оваа земја, Касим Сулејмани.

Нападот беше извршен само неколку часа по свечениот погреб на Сулејмани, кој беше убиен во петокот од американски дрон.

Неговата смрт ги зголеми стравувањата од понатамошна ескалација на американско-иранскиот конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот