На топлово време се што ви треба е новиот уред на Sony (ВИДЕО)

Јапонската компанија Sony наскоро во продажба ќе пушти „bluetooth“ уред наречен Reon Pocket, кој претставува џебен „клима уред“ чија намена е во текот на топлото време да го разладува своите корисници.

Уредот е со големина на платежна картичка и е тежок само 85 грама и не се забележува додека корисникот го носи. Тој испушта ладен воздух, а се носи на задната страна од кошулата или маицата. Покрај тоа, Reon Pocket во текот на зимата може да се користи и за греење.

Уредот се поставува на вратот, во посебен џеб на задната страна од облеката. Со „bluetooth“ врска е поврзан со телефонот, а корисникот го котролира преку мобилна апликација.

Од Sony велат дека нивната „џебна клима“ може да го разлади корисникот и до 13 Целзиусови степени, во однос со надворешната температура. За време на ладните денови температурата се подигнува до 8 степени.

Температурата се регулира рачно со телефонот, а наскоро ќе биде воведен и автоматски начин на работа. Уредот има неколку начини на работа кои може да се прилагодат според желбата на корисникот.

„Климата“ се напојува со батерија која трае и до 24 часа, а се полни за нецели два часа. Reon Pocket засега ќе биде достапен само во Јапонија, по цена од 95 до 140 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот