„На точак“ со отворено писмо до Град Скопје: Поставеноста на новите контејнери е лоша за граѓанската мобилност

Граѓанското здружение „На Точак“ испрати отворено писмо до Град Скопје во кое пишува за проблемите со кои се соочуваат велосипедистите со поставеноста на новите контејнери.

„Со проектот Скопје Велоград во изминативе неколку години конечно видовме позитивни промени во урбаната мобилност во градот. Беше реконструирана дел од постоечката вело-инфаструктура, беше додадена нова и дел од просторот за пешаци и велосипеди беше ослободен и заштитен со столпчиња. Еден од најчесто посочуваните проблеми на патеките ослободени од возила, останаа фиксните пречки: лошо позиционирани семафори, билборди, како и лошиот дизајн на точките на среќавање со другиот сообраќај, автобуските постојки, местата каде пешаците чекаат на семафор и крстосниците. Во сите овие случаи, не поради другите учесници во сообраќајот, туку поради недоосмислените и неспроведени решенија, движењето со велосипед станува некомотно, од праволиниско, станува слаломско.

Прочитајте и...  Влада: Најостро ги осудуваме нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Поради тоа, во следната фаза кон унапредување на велосипедскиот сообраќај, овие слаби точки требаше да се решат, движењето со велосипед да стане уште подиректно и покомотно, а не да се креираат нови. Во Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 стои: “Добрата и квалитетната инфраструктура за велосипедски сообраќај е клучна за зголемување на користењето на велосипедот. Мерките од оваа област треба да резултираат со насоки и стандарди за велосипедска инфраструктура, обезбедување на висококвалитетна, безбедна, комфорна и добро поврзана велосипедска мрежа“.

Во 2019 година, како дел од напорите за подобрување со управувањето со отпад, беа набавени нови, поголеми контејнери. Проблемот со оваа набавка се покажа веднаш штом тие контејнери беа поставени на „нивните“ локации.  Поради тоа што се статични, тие имаат функционална ограниченост, и мораат да се постават на локации лесно пристапни за камионите што ги празнат – што во случајов се токму главните велосипедски рути што беа неодамна реконструирани и ослободени. Нивната поставеност сега го намалува просторот за движење и предизвикува сериозни проблеми во мобилноста на пешаците, велосипедите, лицата со ограничена мобилност и лицата со инвалидитет (слики на стр. 3 и 4). Сето ова е спротивно на целите од Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021, укажува или на конфликти помеѓу различните плански документи при нивната реализација или на непочитување на стандарди, но и на недоволна комуникација меѓу надлежните сектори и лица.“, пишува во писмото на „На Точак“.

Прочитајте и...  Осум нови случаи и едно лице излекувано од коронавирусот во Кичево

Прочитај повеќе

Русија го укинува задолжителниот карантин за странските државјани

Слободен печат

„Нови мерки, старо другарство“ – гледај театар на отворено

Слободен печат

Трамп: Имам многу добар однос со Фаучи, но не секогаш се согласувам со него

Слободен печат

Прекината прес-конференцијата на гувернерот на Флорида – Го обвинија за фалсификување на бројот на случаи со коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија ќе се „запише“ на Оксфорд за вакцинација?

Мими Шушлеска Петкова

Ангеловски: МВР е подготвено за успешно спроведување на изборите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Деркоски: Апсолутни невистини се информациите за броење на гласовите од вчерашното гласање (ВИДЕО)

Слободен печат

ОН: Уште 130 милиони луѓе би можеле да гладуваат заради пандемијата

Слободен печат

Чан Сантоки избран за претседател на Суринам

Слободен печат

Јуроп тудеј: Оздравените од коронавирус патат од замор, отежнато дишење и болка во мускулите

Слободен печат

Известувачот на ОН, Дејвид Кеј, ја предупреди Белата куќа за негативниот „ефект на Трамп” врз глобалната слобода на медиумите

Слободен печат

Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица

Слободен печат