На терените на US Open во Њујорк се подига привремена болница

Tаму ќе бидат згрижени пациенти без потврден Ковид-19, за да се намали преоптовареноста кај другите инфекциони здравствени установи.

Дел од Националниот тениски центар каде редовно се одржуваат натпреварите на US Open, ќе биде пренаменет во привремена болница, сe дознава од одлуката на американската Тениска асоцијација (УСТА).

-Нема сомнение, спремни сме да помогнеме. Њујорк е наш дом и треба да се обединиме, истакна прес-секретарот на УСТА, Крис Видмаер.

Пренаменетиот дел се предвидува да прими 350 болнички метса. Притоа, таму ќе бидат згрижени пациенти без потврден Ковид-19, за да се намали преоптовареноста кај другите инфекциони здравствени установи. Опремувањето на првиот од затворените тениски кортови ќе започне денеска.

Националниот центар за тенис го носи името на американската тениска легенда Били Џин Кинг и го организира US Open од 1978 година.

Претходно, Асоцијација на тениските професионалци (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и Меѓународата тениска асоцијација (ИТФ) објавија за прекин на сите тениски натпревари до 7 јуни поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот