На „Танц фест Скопје“ ќе гостува „Скапино балет“ од Ротердам

Танц фест Скопје ќе ја заврши сезоната за 2021 година со настап на „Скапино балет“ од Ротердам и Скопје танцовиот театар на 9 декември во МНТ, а во чест на долгогодишната соработка со холандски уметници и создавање на современата танцова сцена кај нас.

На програмата се перформансите „Везул“ и „Резонанца“ со кореографија на Ед Вуб на „Скапино балет“, танцовиот филм „Јантра“ според кореографија на Шајлеш Бахоран и претставата „Меѓусвет (Убавите жени)“ на Скопје танцовиот театар во кореографија и режија на Рисима Рисимкин.

„Скапино балет Ротердам“ е една од најзначајните современи танцови компании на холандската и светската танцова сцена, која прославува 75 години од своето основање. Тоа е најстарата танцова компанија во Холандија, која низ годините донесе смел, експериментален и современ сценски израз и стана креатор на вкусот на холандскиот танц.

На настанот ќе биде доделена наградата „Менада“ за поддршка на развојот на современиот танц во Северна Македонија на амбасадорот Дирк Јан Коп.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 108, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот