На тајна локација се одржува судењето на Србин и Холанѓанец за убиство на градоначалник

Започна судењето во Швајцарија за Србин (43) и Холанѓанец (40), кои припаѓаат на бандата „Пинк Пантери“, под сомнение дека пред десет години го убиле и ограбиле Иво Борер (71), градоначалникот на Мецерлен.

Според локалните медиуми, ќе им се суди на тајна локација за да се зачува безбедноста на сите кои учествуваат во овој процес, бидејќи „дуото припаѓа на опасна банда“, наведуваат швајцарските медиуми.

Според нив, полицијата се сомнева дека третообвинетиот, директорот (66), во моментов се крие во Србија, каде што живее.

Жителите на малиот швајцарски град на границата со Франција беа шокирани од веста дека нивниот градоначалник е брутално убиен ноќта на 14 март 2010 година. Долго време не се знаеше ништо за напаѓачите, кои беа уапсени на почетокот на оваа година. Според истрагата, тие имале намера да го ограбат сефот на градоначалникот.

„Причината за тајноста на локацијата каде ќе се одржи судењето е безбедноста, бидејќи обвинетите припаѓаат на банда од околу 200 члена низ источна Европа, за која се тврди дека ограбила накит вреден повеќе од 200 милиони американски долари во околу 150 акции“, изјавија официјалните лица за локалните медиуми.

Злосторството се случило кога разбојниците упаднале во домот на градоначалникот, мислејќи дека нема никој во куќата. Секоја недела, по мисата во црквата, неговата сопруга служеше на локалното население во нивниот ресторан. Борер, кој се најде во куќата, се обиде да им се спротивстави на разбојниците, кои брутално го претепаа.

Неговите последни зборови беа: „Ќе го убијам“, но никогаш не беше откриено кога се однесуваше на тоа. По три месеци поминати на машини, почина во болница.

Борер беше познат по развратниот живот и се фалеше со своето богатство, а скоро сите локални жители знаеја дека тој чува сеф во куќата. Напаѓачите влегле во куќата, очекувајќи да најдат скапоцености и околу еден милион евра, но, наводно, не нашле ништо.

Обвинетиот Холанѓанец и Србин ограбуваа и претходно, а обвинителството ги донесе во врска со кражба на накит од златарницата во Ветинген на 3 февруари 2010 година. Холанѓанецот и еден Хрват (44) ограбија златара во Спритенбах.

Наградуван истражувачки новинар е осуден за шверц на дрога во Подгорица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот