На Табановце за влез и излез се чека околу половина час

ГП Табановце / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти Автомотосојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ го пренесува известувањето на компанијата СТРАБАГ АГ дека од задутре целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад до клучка Штип-Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот