На Табановце и Богородица се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.

Ј.П Македонија пат извести дека почнувајќи од 23.07.2021 (петок), во наредните три дена, поради изведување градежни работи на пат, (гребење и асфалтирање на коловозот), патниот правец  Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде затворен за сообраќај  за сите видови на возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце задржувањето за влез и излез е од 30 до 45 мин со можност за зголемување во наредните часови. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Исто така, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Видео на денот