На „Струмица опен фестивал” традиционален концерт на лицата со телесен инвалидитет

Синоќа во рамките на годинешното издание на „Струмица опен фестивал” се организираше играње друштвени игри, насловено како „Board Games Day”.

Поголем брј граѓани, меѓу кои и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општината, се натпреваруваа во шах, табла, рубикови коцки, IQ сложувалки, меѓу кои и најпопуларните „Istanbul” и „Ticket to Ride” и многу други.

На настанот беше промовирана и новата македонска игра „Meet The Manchers” на „DeVanchi Games”.

Во рамките на фестивалската понуда се одржаа и 25-те Традиционални музички средби на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност”, на која пејачи и музичари со телесен инвалидитет се натпреваруваа за најдобро исполнета песна.

Настанот беше отворен со перформанс „После дождот” во изведба на групата „Надеж” од Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско” со ученичката Ева Стојковска и Центарот за балетска уметност „Reverence” на Оле Илиева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот