На стомак, на грб, странично: Стручњаците откриваат која е најздравата поза за спиење

Фото: Profimedia

Позата во која спиеме можеби за нас нема никакво значење, но податоците покажуваат дека една третина од животот го поминуваме во спиење, односно 33 отсто од времето го поминуваме во некоја од позите кои можат сериозно да влијаат на здравјето.

На грб

Десет отсто од луѓето сакаат да спијат на грб, што е всушност, многу добро – помала е веројатноста дека ќе имате болки во вратот и грбот. Исто така, оваа поза може да ги намали главоболките и да го подобри варењето на храната. Луѓето кои спијат на грб се помалку склони кон брчки, бидејќи нивното лице не се потпира на перницата. На трудниците, сепак, не им се препорачува да спијат на грб, бидејќи може да почувствуваат притисок во стомакот и непријатност. Истото важи и за оние кои имаат апнеја.

На страна

Во оваа поза главно спијат постарите лица, а токму таа може да ги прочисти дишните патишта и да го намали ‘рчењето, па затоа се препорачува за оние со апнеја. Експертите велат дека тоа ја намалува болката во грбот и ја подобрува циркулацијата, што е одлично за оние кои имаат проблеми со срцето. Спиењето на страна може да го намали проблемот со запекот и да го подобри варењето на храната.

На стомак

Иако на многумина им се допаѓа оваа поза, експертите велат дека не е баш најприродна, па стручњците не ја препорачуваат. Може да почувствувате притисок врз глуждовите, во грбот и вратот, така што може да имате проблеми со ‘рбетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот