На стадионите во Англија ќе биде дозволено стоење на навивачите од следната сезона

фото EPA-EFE/PETER POWELL

Клубовите од Премиер лигата и Чемпионшип ќе им биде дозволено да воведат безбедни места за стоење од почетокот на следната сезона откако експериметот што беше спроведен од почетокот на годинава беше успешен, пишуваат англиските медиуми.

Би-би-си пишува дека тима Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Кардиф Сити беа дел од пилот студијата која ја нарача владата на Обединетото Кралство и се очекува тој пример во новата сезона да го следат и други клубови.

Брентфорд, Квинс Парк Ренџерс и Вулверхемптон веќе објавија дека на нивните трибини ќе има сектори каде и домашните и гостинскте навивачи ќе можат да стојат.


Сектор без столчиња ќе има дури и на најголемиот стадион во Англија, „Вембли“ на кој ќе се играат финалињата во ФА Купот и Лига Купот.

Стадионите на кое се експериментираше беа избрани по процес на аплицирање и мораше да бдат исполнет неколку риготрозни услови како употреба на камери, подобра обука на редарските служби и строго ограничување за навивачите по принципот „едно лице, еден простор“.

Англиската влада на почетокот од 1990-тите години забрани места за стоење на стадионите по катастрофата на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд во 1989 година во која загинаа 97 навивачи на Ливерпул.

– Навивачите долго време водеа кампања за враќање на секторите за стоење и ние внимателно работевме со навивачките групи, дури и со семејствата кои беа погодени од трагичната катастрофа во Хилсборо – изјави министерот за спорт Најџел Хадлстон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот