На српските ниви откриени опасни хемикалии што предизвикуваат рак!

Производите набавени на црниот пазар кои се опасни по здравјето, а се користат во овоштарниците и на нивите, често стигнуваат и во мајчиното млеко. Хемикалиите нелегално доаѓаат од Турција и од Украина, а остатоци од овие опасни материи можат да се најдат и во лебот, водата, виното, соковите…

Траги од најјаките пестициди кои се забранети со закон се пронаоѓаат во овоштарниците ширум Србија и се користат во големи количини, предупредуваат агрономите. Супстанциите набавени на црниот пазар докажано предизвикуваат карцином, дијабетес, болести на ендокриниот и дишниот систем. Остатоците од отровите сè почесто се откриваат дури и во примери од мајчино млеко, со што шансата за појава на најтешките болести кај децата повеќекратно се зголемува.

Околу 60 отсто хербициди, 90 отсто фунгициди и 30 отсто инсектициди на пазарот се докажано канцерогени, покажуваат податоци од американската агенција за заштита на животната средина. Истовремено, на повеќе од 65 отсто од овошјето и зеленчукот остануваат штетните хемиски супстанции кои не можат да се отстранат со лупење на кората.

– Освен во свежото овошје и зеленчукот, остатоци од пестицидите можат да се најдат во готовите јадења, лебот, водата, виното и овошните сокови. Дури и кога станува збор за легални пестициди чија количина не ги надминува законски предвидените нивоа, здравјето може да биде загрозено кога истовремено сме изложени на голем број хемиски супстанции – вели д-р Станиша Стојиљковиќ, професот на Технолошкиот факултет во Лесковац.

Според неговите зборови, откриена е поврзаност меѓу изложувањето на органофосфорни пестициди и кардиоваскуларните болести, заболувањата на нервниот систем, деменцијата и зголемувањето на ризикот за појава на Хочкинов лимфом.

Утврдена е потенцијална врска меѓу тријазинските хербициди и зголемување на стапката на заболени од рак на дојката.

Извор: Еспресо.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот