На средбата меѓу МОН и СОНК нема да се дискутира за покачување на платите, вели Шаќири

Јетон Шаќири, министер за образование/Фото: Скриншот

Пред почетокот на денешната средба во МОН помеѓу министерот Јетон Шаќири и претставници од СОНК, Шаќири објасни дека нема да се преговара за покачувањето на платите, туку само за колективните договори за основно и средно образование. Како што кажа тој, за нова финансиска понуда ќе се разговара на почетокот на следната недела.

-Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира, изјави Шаќири пред најновата преговарачка средба со СОНК.

Тој вели дека МОН има добиено пресметки од Министерството за финансии поради што очекува многу брзо да се дојде до решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот