На Србија политички и треба Боки 13

принтскрин

Србија навлегува во длабока политичка криза. Претседателот Александар Вучиќ е доволно долго на власт, а ветувањата кон САД и ЕУ не ги испорача. Ја прелажа Европската Унија и доби датум за преговори, но тоа ништо не значи ако не продолжи со демократизација на општеството и пред се со изнаоѓање решение за иднината на Косово. Нетрпението на сите инволвирани страни внатре и надвор расте и алтрнативните ршенија нема да бидат помалку болни одошто оние кои по дипломатски пат се обидуваат да ги решат српските и косовските претставници со посредство на странскиот фактор.

Но факт е дека ваквата „статус кво“ ситуација не може да трае бесконечно. Затоа се почесто се зборува за поделбата на територии како единствено можно компромисно решение. Но таа теза не е европска. Едноставно затоа што таа не може да се изведе без војна. Таа не може да заврши само во рамките на Србија и на Косово. Таа ќе има несогледиви последици за целиот Балкански регион. Но тоа е теза што отворено ја заговара српскиот претседател Александар Вучиќ. Зошто? Затоа што нему не му е толку важна Северна Митровица како што сака да прикаже.

Во српската глобална стратегија е растурањето на БиХ и припојување на Република Српска кон матичната Србија. ПАЗАРОТ Е ТУКА.

Пазарот е се разбира со САД. На САД стратешка определба и е Балканот во НАТО – без остаток. Сосе Србија. Но Вучиќ тактизира. Сака да седи на две столици, а ако може и на три. Имено очигледно е дека во Србија на голема врата влезе Русија а во последно време и Кина. Но тоа нема да ги спречи САД да дадат се од себе за реализација ни нивната стратешка цел.
Во таа насока се и првите скромни средби на власта и опозицијата што наликуваат на нашиот пржински договор. Некој таа работа силно и упорно ја турка, а на власта која се повикува на народот и на предавничката опозиција нормално и е нелагодно. Овие „преговори“ со опзозицијата се пропратени со протестите „еден од пет милиони“ со кои власта се потешко се справува.

Во таква ситуација вообичаена пракса во пара-дипломатијата е да се префрли топката на друга геостратешка длабочина. Тоа покрај Црна Гора се повеќе станува и Македонија. За таа цел се користат провладините таблоиди и разузнавачките структури или поединци кои ширејќи лажни информации или дезинформации или ако сакате полувистини кои треба да го свртат вниманието од реалните проблеми на Србија и на актуелната власт. Една од актуелните теми во таа пракса на ишкање на мувата од својата глава е и аферата со Боки 13.

При тоа на листата на алатки се користи меѓупартиска соработка на сродните идеолошки матрици од регионот. На тој начин еден кривично правен проблем станува тешка и жешка политичка тема не само во Македонија туку и во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот