На сопругот му направила кафеана во дворот: Поинаку не можев да го задржам дома

Profimedia

Британецот Пол Тапер, инженер од Девон, oтсекогаш сакал да оди во локалната кафеана, но неговата сопруга Џејн (48) мислела дека премногу време поминува таму, па затоа му изградила паб во дворот на семејната куќа.

Оваа мајка на три деца и медицинска сестра во професијата, покрај тоа што сака да го гледа својот сопруг дома, вели дека ќе организира и забави за пријатели и семејство во овој паб. Пабот го нарекла „The Doghouse Inn“

– Мојот сопруг Пол отсекогаш сакаше малку да скокне во локалата кафеана, и никако не можев да го задржам дома. Размислував и дојдов до идеја да изградам сопствена кафеана во дворот. Кога ме прашуваат каде е мојот сопруг, им велам „во куќата за кучиња (што е израз кој се користи за некој што не бил добар или кој е казнет).“ – рече таа.

Таа исто така открила колку ја чинело тоа.

„Најскапо беше да се израмни дворот и тоа чинеше 15.000 фунти, а почетната изградба на кабината чинеше околу 2700 фунти.“

Со пабот не е воодушевен само сопругот на Џејн, туку и нивните деца Том (31), Лорен (24) и Џек (26), кои велат дека долгорочно ќе заштедат пари на алкохол зашто ќе се дружат во сопствениот паб.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот