
На социјалните мрежи сочувство до семејството Буњаку за синот кој загина во пукање во Чаир
Сочувство до семејството Буњаку се споделува на социјалните мрежи по убиството на Хебиб Буњаку кој загина синоќа во престрелка во Чаир. Тој е син на поранешниот фунционер од ДУИ, Екрем Буњаку.
Препорачано
-На Аллах му припаѓаме и само на Него ќе се вратиме! Хебиб Буњаку, најдобриот син на нашето маало во Серaвa, познат по широкото пријателство низ фудбалот, и по многу други атрибути, почина и Хебиб беше син на Екрем Буњаку. Како соседи кои ги делеле истите неволји во едно маало и во знак на почит, изразувам сочувство до чичко Екрем и целото негово семејство! – се вели во една од објавите.
Според информациите од МВР, недоразбирање во сообраќајот бил причина за расправија меѓу две групи што резултираше со пукањето што се случи синоќа на паркинг во Чаир.
Според дополнителните информации од МВР, пукањето се случило десетина минути пред полноќ, а потоа од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди се донесени две лица од Скопје на возраст од 35 години.
Едниот повреден, Хебиб Буњаку според нашите неофицијални информации е син на поранешен висок функционер од ДУИ, Екрем Буњаку, а другиот повреден Аритон Дарлишта е задржан на лекување откако врз него била извршена интервенција.
Во болницата било донесено уште едно повредено лице, а за инцидентот приведени се четири лица.
Недоразбирање во сообраќајот било причина за пукањето во Чаир, велат од МВР