На социјалните мрежи се шпекулира дека Ердоган добил мозочен удар, официјални лица демантираат

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

На социјалните мрежи вчера се појавија шпекулации за здравствената состоба на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според некои, тој имал мозочен удар и бил хоспитализиран, додека други тврдеа дека починал.

На социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се гледа како Ердоган тешко се движи. Портпаролот на Ердоган, Фахретин Алтун на Твитер објави видео како турскиот претседател излегува од возило без помош.

– Верувајте им на пријателите, плашете се од непријателите, напиша Алтун на Твитер.

Турските власти покренаа правна постапка против 30 лица кои на Твитер објавија дека починал Ердоган. Тие можат да бидат обвинети поради наводно ширење на „дезинформации и манипулативна содржина“ како и навредување на Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот