На смртната постела султанот Сулејман имал три желби: Сите занемеле кога ги слушнале!

Сулејман Величествениот бил образуван владетел. Зборувал четири јазици: арапски, персиски, српски и чагатајски (стар облик на турскиот јазик). На власт дошол кога имал 26 години, а неговото владеење траело 46 години.

Пред смртта Султанот Сулејман ги повикал своите луѓе и им ги издиктирал своите три последни желби.

Првата желба била неговите исцелители да го носат ковчегот со неговите посмртни останки во текот на погребот.

Втората желба му била златниците и скапоцените камења да останат зад поворката по патеката по која поминале неговите посмртни останки.

Третата желба била од ковчегот да му се гледаат рацете и тоа така што сите ќе можат да ги видат.

Главниот командант на војската, збунет од тоа што го слушнал, го прашал за причината на таквите желби, а султанот му објаснил:

Најдобрите исцелители нека ги носат моите посмртни останки за сите да видат дека и тие се немоќни пред смртта.

Расфрлајте го наоколу целото злато кое цел живот го собирав за сите да видат дека сè што сме стекнале останува на овој свет.

Моите раце нека се гледаат од ковчегот за сите да видат дека Сулејман Величествениот, владетелот на овој свет, на другиот свет заминува со празни раце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот