На словенечките универзитети годинава ќе можат да се запишат 2.271 странски студенти

На словенечките универзитети оваа година ќе можат да се запишат 2.271 странски студенти. Споредбено со минатата, ова претставува зголемување за 49 места, наменети за оние кои немаат словенечко државјанство, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во овој момент на студии во Словенија има околу 1.000 државјани на Северна Македонија.

Ако се споредува со минатите години генерално има тренд на намалување на слободните места за словенечките државјани. Оваа година е објавено дека ќе има 18.365 слободни места, што е 33 помалку во споредба со минатата година. На универзитетот во Љубљана има 9.111 слободни места, а на тој во Марибор 4.508 места.

Пријавувањето за новиот циклус студии трае до 18 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот