На скопскиот аеродром приведен гостиварец за закани упатени кон владин функционер

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Синоќа по полноќ на скопскиот аеродром бил приведен 28-годишниот М.М. од Гостивар, кој се барал со централен распис од гостиварската канцеларија за криминалистички работи.

Ноќеска (10.07.2020) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ е приведен М.М.(28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.

На 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик. М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани, односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Северна Македонија.

М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот