На сите „маки“ после поразот, сега сите го исмеваат Нејмар! (ФОТО)

фото: EPA-EFE/David Ramos

Нејмар не успеа со ПСЖ да ја освои титулата во Лигата на шампионите после минималниот пораз во финалето од Баерн Минхен.

Од него исто така се очекуваше многу во завршниот натпревар оваа сезона, на крајот тага и солзи кај еден од најдобрите бразилски фудбалери.

Најтешко му беше кога помина покрај трофејот, а откако се смири го зеде мобилниот телефон во раце со цел да му честита на противникот.

фото: принтскрин/твитер
фото: принтскрин/твитер

Знаеме дека имињата на германските клубови Баерн и Баер се многу слични, а токму поради таа една буква што ја прави разликата, се посрамоти Нејмар.

Па, наместо на Баерн, му честиташе на Баер по што веднаш дојде и одговор од Леверкузен.

Поразот е дел од спортот, се обидовме, се боревме до крајот. Им благодарам на сите за поддршката и честитки до Баер – напиша Нејмар на Твитер.

Ти благодариме Нејмар. Не разбираме зошто нам ни честиташ додека сме на одмор и играме „ФИФА“…но благодарам – реагираа „фармацевтите“.

Ветувам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот