1 C
Скопје

На сиромашните им се заканува стампедо во редот за вакцинирање

Вакцинирањето на населението, според епидемиолозите е единствениот сигурен начин за спречување на заразата од ковид-19, со што ќе ѝ се стави крај на пандемијата што букна во март годинава.

Сепак, масовната имунизација е привилегија на богатите и на развиените држави, додека сиромашните ќе бидат принудени да чекаат на милост.

– Постои ризик сиромашните и ранливите да бидат прегазени во стампедото за вакцината против коронавирусот – изјави директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

На онлајн брифингот во Женева, тој додаде дека итно треба да се обезбедат 4,3 милијарди долари за шемата за дистрибуција на вакцините во светот.

Десетици земји аплицираа за глобалниот план за вакцинирање познат како Ковакс, кој го формираа СЗО и глобалната Алијанса за вакцини (ГАВИ) за да се обезбедат вакцини за земјите што инаку не можат да си ги дозволат.

Прочитајте и...  Бугарите стравуваат од американски притисок

Досега се собрани пет милијарди долари, вклучително и повеќе од 600 милиони долари од Германија.

Клучот на проблемот можеби лежи во вакцината против коронавирусот што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „Астра-Зенека“, која ќе може да ја користат и најсиромашните земји во светот, бидејќи ќе чини помеѓу три и четири долари.

– Оксфордската вакцина е вакцина за целиот свет. Додека „Фајзер“ и „Модерна“ објавија дека успешно ја завршиле фазата на три тестирања, британскиот тим првично потенцираше дека нивната цел е да го направат нивниот производ достапен на целата планета. Не станува збор само за вакцина што ќе може да се транспортира и да се чува нормални температури, туку и да биде достапна за секого – пренесува британскиот весник „Телеграф“.

Прочитајте и...  Владата со низа предлог одлуки за именувања: Никола Поповски меѓу неизвршните членови во Советот на НБРМ со мандат од 7 години

По цена од само три до четири долари по доза, вакцината на Оксфорд е само мал дел од цената на конкурентските вакцини, кои ќе се продаваат по 20 до 32 долари, што е скапо за многу земји во развој.

Директорот на тимот што ја направи вакцината во Оксфорд, Ендру Полард, вели дека тие направиле „вакцина за светот“.

– Нашата цел беше да ја направиме вакцината достапна насекаде. Мислам дека успеавме да го сториме тоа. Ова се многу возбудливи периоди за здравјето на луѓето – изјави Полард.

Треба да се потенцира дека и цената од три долари во одредени региони во светот е прескапа за тамошните жители.

Поврзани вести

ВИДЕО I Ооо Пјетер! Спасувачите извлекоа старец затрупан под 4 метри снег

Илинка Иљоска

Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

Слободен печат

ВИДЕО: Експлозијата го тресе Ријад само неколку дена по друг обид за напад

Слободен печат

Општина Карпош: Направените штети многу тешко се санираат дури и по законски пат

Анета Стојковска

ВИДЕО: Во исчекување на вакцините против ковид-19, земјите од Западен Балкан го губат трпението

Илинка Иљоска

Бајден се слушна и со Столтенберг: САД остануваат посветени на колективна одбрана и на зајакнување на трансатлантската безбедност

Слободен печат

Остави Коментар