На sидовите во партиската бела палата симнати дел од сликите на Груевски

Се за глас повеќе. Во ВМРО-ДПМНЕ ги „симнаа“ поголемиот број на слики на кои во преден план беше поранешниот партиски лидер Никола Груевски. Сликите ги „красеа“ sидовите над скалите кои водеа до прес центарот во партиското седиште. Останала по некоја, но таму Груевски е во големо друштво на своите сопартијци.

Денеска на новинарско прашање зошто од влезот по скалите до прес центарот каде што „висеа“ сликите на почеснито лидер Никола Груевски, поголемиот број од нив веќе ги нема, и дали тоа значи дека партијата расчистува со старите кадри, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски вели:

„Не знам што да ви одговорам за сликите. Не сум погледнал. Како и да е на Македoнија и требаат свежи кадри, на Македонија и требаат нови луѓе кои имаат амбиција да покажат една подобра Македонија. Сите оние кадри што ги има ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат да покажат напредок ќе им дадеме шанси да учествуваат во Владата. Но мора да има чесни политичари, и чесна политика бидејќи има голема апатија кај граѓаните. Ајде со свежи луѓе навистина да направиме обнова на Макеоднија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот