На Шпанците им се потребни половина милијарда евра за да ја завршат сезоната

твитер

Највеќе погодени од финансиската криза предизвикани од пандемијата на коронавирусот се Реал Мадрид, Барселона и Валенсија.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, изнесе алармантни податоци кои ги предизвика пандемијата на коронависот и ги зафати шпанските екипи.
Финансиските последици се тешки за сите екипи, а највеќе погодени се Барселона, Реал Мадрид и Валенсија, а шпанската Ла Лига е една од најтешко погодените лиги во Европа.

– Екипите имаат вишок на потрошувачка од 500 милиони евра бидејќи не можат да се ослободат од договорите на фудбалерите. Имаше обиди да се намалат договорите на играчите бидејќи екипите ќе останат без 45% приходи од влезниците, а тоа значи дека клубовите трошат 500 милиони евра повеќе. Некои екипи мораат да продолжат да работат на намалуваање на платите на играчите. Највеќе погодени се Валенсија, Барселона и Реал Мадрид, овие екипи не можат да се ослободат од играчите, односно да се намалат дел од платите. За да се заврши сезоната на шпанскиот фудбал му се потребни 490 милиони евра – вели Тебас.

Првиот човек на Ла Лига вели дека не се исти проблемите кај сите екипи.
– Анализиравме 17 екипи, на некои им се потребни 100 милиони евра, а на некои само три милиони евра, но можеби на тие што имаат помали долгови им е потешко. Работиме на тоа како да се регулира тоа. Валенсија не игра во Лигата на шампионите и потоа ја критикуваат што ги продава фудбалерите, бидејќи мора да ги продаде. Барселона мора да ги намали платите на своите играчи за да ја заврши сезоната – додава Тебас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот