На северот на Сирија убиени двајца турски војници

Војници Сирија/ EPA-EFE/Yahya Nemah

Двајца турски војници загинаа, а двајца други се ранети во напад врз нивното оклопно возило во северна Сирија, по што турските сили возвратија на огнот, јави синоќа турското Министерство за одбрана.

Нападот се случил во регионот каде што Турција во 2016 година ја почна прекуграничната операција „Штитот на Еуфрат”, чија цел беше одбивање на терористичката група Исламска држава и курдската милиција во Сирија (ЈПГ).

Турските медиуми јавија дека нападот се случил во областа ал-Баб.

Анкара, која се уште е присутна во северна Сирија, курдската милиција (ЈПГ) ја смета за терористичка група, поврзана со вооружени бунтовници во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот