На семеен ручек во Јанче: Игор се запозна со родителите на Илина (ФОТО)

Игор и Илина / Фото: Архива на Слободен печат

За љубовта на Игор Џамбазов и Илина Арсова последниве месеци често се пишуваше на задоволство на нивните фанови, кои се воодушевуваат од сите објави кои двајцата ги споделуваат на нивните инстаграм-профили.

Сега Илина сподели фотографија од семејниот ручек во Јанче на кој освен таа и Игор присуствувале и нејзините родители.

Instagram

Додека престојуваат во Јанче, Игор и Илина не пропуштаат да се прошетаат и да уживаат во убавините.

Ја посетиле и куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, во село Коџаџик, општина Центар Жупа, а Игор во описот на една од фотографиите се пошегува: „Браќа Турци, шо не останавте уште 500 години да му се невиди…за фризурата на Илина се погрижи ветерот…“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот