На секој половина час Ковид-19 одзема живот на медицински работник

Викторија, Австралија / Октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Најмалку 17.000 медицински лица починале ширум светот од КОВИД-19 во изминатата година. Ова се наведува во анализата на Амнести Интернешнл, Меѓународната служба за јавни услуги (ПСИ) и Глобалната унија – УНИ.

Организациите повикуваат на итна акција за вакцинирање на медицинскиот персонал.

-На секои 30 минути во светот умира по еден лекар. Медицинскиот персонал ширум светот ги ризикува своите животи обидувајќи се да ги заштити луѓето од КОВИД-19, но премногу од нив остануваат без заштита и платија висока цена за тоа, рече шефот за социјална правда во Амнести Интернешнл Стив Кокбурн.

Авторите на извештајот анализирале податоци од над 80 земји, објавени од владите, синдикатите, медиумите и граѓанските организации. Тие забележуваат дека бројките може многу да се зголемат, бидејќи многу влади не собираат официјални податоци или делумно го прават тоа.

Иако многу земји им даваат приоритет на лекарите за вакцинација, глобалните нееднаквости до пристапот до вакцините покажуваат дека во повеќе од 100 земји, ниту еден здравствен работник не примил вакцина.

Во земји како Бразил и Перу, каде имунизацијата започна во јануари и февруари медицинските организации објавија дека некои болнички санитери и здравствени работници не примиле вакцина иако биле изложени на вирусот. Иако на некои места, вработените во администрацијата и раководството се вакцинирани пред здравствените работници од прва линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот