На секои 15 минути доаѓа возило со ковчег, блиските имаат 5 минути да се простат од покојникот: Погреби во Шпанија во време на коронавирус (ФОТО)

Од почеток до крај, целиот процес трае само пет минути. Свештеникот го попрскува ковчегот со света водичка, по што се појавуваат две лица од персоналот, го ставаат ковчегот на количка и го уфрлуваат во печката од крематорумот.

На секои 15 минути возило од погребалното претпријатие застанува пред крематориумот на мадридските гробишта Ла Алмудена, а отец Едуар излегува од капелата да ги поздрави членовите на семејството кои дошле да се простат од починатите, пишува Си Ен Ен.

Според мерките кои ги воведе Шпанија поради пандемијата од новиот коронавирус, секоја група е ограничена на пет- шест лица. Откако возилото доаѓа до крематориумот, возачот излегува и го отвора задниот дел во кој се наоѓа дрвениот ковчег. Зад возилото одат ожалостените членови на семејството, држејќи дистанца. Некои носат маски и ракавици, а прегратки и бакнежи повеќе не се гледаат.

Од почеток до крај, целиот процес трае само пет минути. Свештеникот го попрскува ковчегот со света водичка, по што се појавуваат две лица од персоналот, го ставаат ковчегот на количка и го уфрлуваат во печката од крематорумот. И тоа е се. Нема говор, посети, ниту јавен погреб. Тешко дека има време за збогување, наведува Си Ен Ен.

Како што заминува едно возило од погребалното, се појавува друго.

Ова е вообичаена глетка дури и за едно од најголемите гробишта во Западна Европа, чии споменции сведочат за периодите на глад, граѓанска војна и шпанската треска. Но, погребите сега исто изгледаат, во земјата во која има вонредна состојба поради здравствената криза.

Луѓето се во болка не само затоа што ги загубиле драгите лица, туку и што не можат да ги испратат како што доликува. Некои од нив ја пренесуваат во живо преку своите мобилни телефони, службата до својата поширока фамилија и пријателите, но тоа секако не е последно збогување какво што посакувале покојните.

– Дојдов сам. Мојот брат и сестра не можеа да дојдат. Мојата жена не дојде. Внуците не дојдоа. Само јас. Никогаш не сум помислил дека крајот може ваков да биде – вели за Си Ен Ен Феликс Поведа, кој дошол да ја испрати својата мајка, и додава дека планира вистински погреб кога ќе заврши здравствената криза, иако не е сигурен кога ќе биде тоа.

Црквите се затворени ширум Шпанија, а овие гробишта се едни од неколкуте места на кои мнозинската католичка популација и натаму може лично да види свештеник.

– Се обидувам да им е приближам. Им зборувам дека сум со нив и дека не се сами. Понекогаш тоа ме вознемирува. Плачам – вели отец Едуар.

Тој самиот е во ризик да се зарази зошто не носи маска ниту ракавици.

– Можеби звучи малку чудно, но во овој историски момент тоа го сметам за привилегија – мојот живот е за луѓето, да бидам со нив во овој клучен момент, вели свештеникот.

Шпанија е најмногу погодена од пандемијата со Ковид -19 од другите европски земји и второ жариште по Италија. Мадрид е во епицентарот на епидемијата и се смета дека дури 40 отсто од вкупно смртните случаи се од коронавирусот.

Градските мртовечници не можат да го испратат бројот на тие случаи, па две лизгалишта привремено се користат за сместување на телата. Од градските гробишта наведуваат дека кремираат два-три пати повеќе тела од вообичаеното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот