На секои 100.000 вработени загинуваат 3 до 4 работнци

фото: градежни работници/илустрација

Македонско здружениe за заштита при работа го објави годишниот извештај кој покажува помала смртност на работа во 2019 во однос на 2018 година, но повеќе повреди.

Минатата година во Македонија се случиле 178 несреќи при работа, а 25 од нив завршиле со смрт.

„Така, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,19 односно на секои 100.000 вработени, загинуваат 3 до 4 вработени. Стапката на смртни случаи при работа е намалена во споредба со 2018 година, кога изнесувала 4.34. Доколку се земе за споредба Велика Британија, каде стапката изнесува околу 0.5, ќе констатираме дека Македонија има прилично висока стапка на фатални несреќи при работа“, пишува во Годишен извештај за несреќи на работа во 2019 година што го изготвува Македонско здружени за заштита при работа.

Оттаму информираат дека ако како параметар се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2019 година изнесува 19,18, што покажува дека на секои 100.000 вработени, се повредуваат околу 19 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 16,3, стапката на повреди за 2019 е во пораст.

Според добиените податоци најголем број несреќи се случиле на лица на возраст помеѓу 45-54 години. Меѓутоа, најголем број на несреќи со фатален исход има во категорија на возраст од 55-64 години.

Црната статистика покажува дека мажите повеќе страдаат на работа – имало 150 повредени и 24 загинати. Лани се повредени и 3 жени, а една загинала на своето работно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот