На самитот на Г7 усвоен нов глобален инфраструктурен план за сиромашните земји

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL/INTERNATIONAL POOL

На самитот на лидерите на Г7 во Корнвол денеска беше поддржан новиот глобален план, инициран од САД, за помош на сиромашните земји во градење инфраструктура, како обид да и се одговори на кинеската иницијатива „Појас и пат”, соопшти Белата куќа.

Британските медиуми јавуваат дека лидерите на Г7 денеска го одобрија стартот на планот „Изгради подобар свет” (B3W) на американската администрација, вреден 40.000 милијарди долари, што ќе помогне да се намали недостатокот на инфраструктура во земјите во развој.

„Претседателот Бајден денеска се состана со лидерите на Г7 за да разговара за стратешкиот натпревар со Кина и да се фокусираат на конкретните активности за задоволување на огромните инфраструктурни потреби во земјите со среден и низок приход”, соопшти Белата куќа.

Г7 и другите партнери со слични ставови ќе го координираат прибирањето на капиталот на приватниот сектор за инвестирање во климатските промени, здравството, дигиталната технологија и родовата еднаквост, што ќе биде поддржано од финансиски институции.

„Планот Б3В ќе има глобален дострел, од Латинска Америка и Карибите до Африка и Индо-Пацифик”, соопшти Белата куќа.

Пред промоцијата на планот, неименуван официјален претставник изјави дека САД, денеска, на вториот ден од самитот во Корнвол, на југозападот од Англија, ќе ги притиснат другите лидери на Г7 на конкретна акција за да се изврши притисок врз Кина и во нивната завршна изјава да вклучат и критики кон Пекинг.

Во врска со новата глобална програма за инфраструктура, официјално лице истакна дека тука не станува збор само за спротивставување кон Кина, туку дека е потребна позитивна алтернатива, која досега не била понудена, и која ги рефлектира западните вредности, стандарди и начин на делување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот