На Самерленд вечерва настапува Даниел Данн

Вечерва од 21:00 часот, во склоп на летниот фестивал САМЕРЛЕНД на Школка во Скопје, ќе настапи македонскиот артист Даниел Данн. Заедно со својот бенд ќе испее дел од своите авторски песни, како и најголемите светски и македонски поп-хитови.

Публиката Данн го запозна како ексклузивец на Масив Скај Мјузик и Горила Продукција. Изминатите години тој освои многу награди на регионалните фестивали, притоа оставајќи зад себе радиски хитови како: „Губам од себе”, „Сила на љубовта”, „Створен да те сакам”, „На некој друг”…

Последниот сингл „Sunshine” го објави на англиски јазик во соработка со светски познатата диџејка и продуцент Марга Сол. Имено, тоа е и синглот со кој Даниел Данн  ќе го отвори двочасовното шоу.

Фестивалот САМЕРЛЕНД е под покровителство на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот