На сафари убивале животни: Ужасните фотографии на брачен пар испливаа во јавност

Facebook

Брачниот пар од Франција бил принуден да го продаде својот ланец супермаркети откако ги објавиле фотографиите од патувањето во Африка, на кое учествувале во убивање на диви животни. Овие фотографии предизвикале огромен бес кај сите што ги воделе.

Facebook

Жак Албуд и неговата жена Мартин, кои биле сопственици на франшизата „Супер У“ во градче во близина на Лион, фотографирани се во Танзанија пред неколку години како стојат над трупови на лавови, леопарди, нилски коњи, зебри, кои се застрелани. Жак и Мартин се фотографирани заедно со танзанискиот ловец, кој е идентификуван само како Клинтон.

Facebook

Фотографиите цело време биле достапни онлајн, но почнаа да кружат по друштвените мрежи дури минатата недела, а луѓето повикаа на бојкот, а некои дури им се заканувале со смрт.

Дури и партнерската фирма на „Супер У“ ги осудила активностите на брачниот пар и навела дека тоа однесување е „спротивно на вредностите за кои тие се залагаат“.

Facebook

„Ги осудуваме овие активности дури и ако се приватни“, навела компанијата.

Француските медиуми се обидувале да стапат во контакт со нив, но тие одбиле да дадат коментар.

Овој вид „забава“ на сафари е популарен во Африка, а за да се убие животно треба да се плати. Пакетите се движат од 17.000 долари по лице, а можат да растат до 43.000 долари. Поединечните убиства, на пример на бизон чинат 3.000 долари, хартбист, (еден вид говедо), 1200 долари, леопард 7.000 долари, нилски коњ 3.400 долари, а убиство на крокодил 3.800 долари, пишува Whatsnew2day.com.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот