На руските сили во Украина им се приклучиле 2.000 севернокореjски војници

Севернокорејски војници во Украина принтскрин ИКС

Две илјади војници од Северна Кореја им се приклучија на руските единици и активно ќе учествуваат во борбите, додека уште 9.000 војници се во резерва, објави „Киев пост“.

Андриј Черњак, претставник на Украинската одбранбена разузнавачка служба, изјави за Радио Свобода дека иако овие сили веројатно не се на линијата на фронтот, тие сè уште придонесуваат за агресија против Украина, помагајќи во убивањето на украинските војници.

„Можеби не се на линијата на фронтот. Можеби не се на напредни позиции, но сепак придонесуваат за агресијата врз Украина и убиството на украинските војници“, рече Черњак.

Според Украинската одбранбена разузнавачка служба, со севернокорејскиот воен контингент во Русија командуваат тројца генерали од Северна Кореја.

„Ги чуваат колку што е можно во тајност, ги чуваат што е можно повеќе. Тие се во затворени кампови, спроведуваат обука, но се кријат од сите“, објасни Черњак.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, во моментов во руската област Курск има повеќе од 11.000 севернокорејски војници. Началникот на Генералштабот потврди дека руската команда веќе вклучила севернокорејски војници во борбата против украинските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот